Захариева вели „не ги измисливме ние“: Добрососедските односи се европски критериум за членство во ЕУ

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Добрососедските односи не ги измислува Бугарија, тие се основен услов и критериум за членство во Европската Унија (ЕУ). Северна Македонија мора да го почитува и да го спроведува Договорот за пријателство и добрососедство што го потпишавме, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

– Гоце Делчев е едно од многуте прашања што треба да се решат. Ние инсистираме на добрососедство, што не е критериум за членство што го измисли Бугарија, туку е европски, што треба да се набљудува за време на целата преговарачка рамка. Многу пати апелиравме да се вратиме на спроведувањето на договорот. Веќе има контакти меѓу членовите на Мешовитата комисија за историски прашања. Нејзината работа беше суспендирана пред една година, еднострано од Скопје, тврди Захариева.

На прашањето за одржување на првата Меѓувладина конференција за почеток на преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ, Захариева рече „сè уште сме во процес на дискутирање на преговарачката рамка во европските работни групи, таа дури не е дојдена на ниво на амбасадори“.

Захариева рече дека очекува нејзиниот македонски колега Бујар Османи да ја посети Софија наредната недела. Според неа, никој не може да ја предаде својата историја, туку поентата е да не ја предадеме нашата иднина.

– Историјата мора да се препознае како што е. Тука не станува збор за илјадници години, има доволно пишани автентични историски извори, оцени бугарската министерка за надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот