Загрижувачка ковид состојба во Франција

Париз Франција ковид-19 коронавирус маски
Ковид-состојба во Франција / Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Ширењето на петтиот бран на инфекцијата со ковид-19 во Франција е „молскавично”, предупреди Габриел Атал, портпарол на француската влада, но додаде дека на работите сепак треба да се гледа балансирано, бидејќи има загрижувачки и смирувачки елементи, пишува Ле Поинт.

Овој петти бран започна со молскавична брзина, изјави Атал на брифингот.

Според седумдневниот просек, бројот на заразени речиси двојно се зголемил, вчера имало 17.153 новозаразени, наспроти 9.458 претходната сабота. И тој раст е експоненцијален, пред тоа беа потребни три недели за бројот на дневно заразени да порасне во исти размери.

Речиси 75 отсто од вкупната популација е целосно вакцинирана во Франција.

Во болниците во Франција вчера имало 7.974 луѓе заболени од Ковид, од кои 1.333 биле на интензивна нега, во споредба со 6.500, или 1.000 еден месец порано.

Има многу силно зголемување на бројот на заразени лица, но исто така знаеме дека во Франција имаме многу широк опфат со вакцини и дека сме пред соседите со засилувачки дози, рече Атал. Тој го пофали воведувањето на здравствен сертификат во јули, додека многу други соседни земји тоа го направија подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот