Фото: МИА / архива

Загина жена во Злетово, ја прегазил возач со „Мерцедес“

Вчера попладне, уште една жена, пешак, загинала во сообраќајот, овој пат во Злетово, јави полицијата. 59-годишната жена била прегазена од возач на „Мерцедес“ од Пробиштипско.

„На 02.03.2026 во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско. Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип“, пишува во полицискиот билтен.

Дрвокрадец без возачка дозвола им избегал на полицајци со „Лада“ по улиците на Кавадарци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот