Фото: EPA/STEFAN PUCHNER

Загина Алекс Манингер, поранешниот голман на Арсенал, Јувентус и Ливерпул

Тажна вест го потресе фудбалскиот свет — поранешниот австриски голман Александер Манингер, кој бранеше за Арсенал, Јувентус, Ливерпул и бројни други клубови, загинал во родната земја кога воз удрил во неговиот автомобил, јавија медиумите.

Според локалната полиција, трагичната несреќа се случила на необезбеден премин на локалната железница.

Манингер беше првиот Австриец што играл за Арсенал, со кого ја освои титулата во Премиер лигата и ФА Купот во сезоната 1997/98.

Голманот го напушти тогашниот стадион „Хајбери“ во 2002 година, откако беше трета опција зад Дејвид Симан и Ричард Рајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот