Заев: Во знак на благодарност за вакцините летово ќе ги ослободиме од патарина сите српски граѓани

Ние сите сакаме дома да имаме вакцини, но тие се околностите. Јас имав непријатно чувство оти наши сограѓани патуваа во Србија по вакцини, но не смееме да кажеме дека државата не направила ништо, напротив, државата направи се и во тоа сме сигурни. Тргнавме преку десетици компании, преку безбедносни служби со кои имаме реална соработка, сите да направат се што можат. Не сакам да не обвинуваат дека ништо не правиме. Вакцината е индивидуална одговорност, секој сноси одговорност за себе и може да одлучи каде сака да се вакцинира, коментираше премиерот, Зоран Заев, во „Само интервју“ на Канал 5.

Сепак, тој призна дека не може да се минимизира чинот на Србија за подадената пријателска рака, па затоа и владата бара начин како да им се оддолжи на српските граѓани.

– Никако не можеме да го минимизираме чинот на солидарност, на хуманост од страна на Србија. Тоа што го добивме во моментот од Србија како донација ни е доволно за периодов. Зборував со Израел, со Британија, Франција, значи речиси нема каде не сме се обратиле, но ете нашиот сосед ни излезе во пресрет. Не можете да се раздолжите кон ваков чин пријателство. Се размислува летово на возилата со српски регистрации да им поделиме картички за патарини за да не плаќаат, да се оддолжиме некако, иако тоа нема цена, но сепак Србија дала пари на граѓаните за тие вакцини. На пријателството да вратиме со пријателство, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот