Заев: Не е точно дека седум земји биле против Македонија

Фото: МИА

Заклучокот на Советот на министри е апсолутна гаранција, октомври ќе биде октомври и нема да биде подоцна, ниту една земја не е против Северна Македонија, а преговорите со ЕУ ќе почнат во декември, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање поврзано со неофицијалните информации дека седум членки на Европската Унија биле против датум за преговори со Македонија и Албанија.

Според Антонио Милошоски, наводно против преговори со Македонија биле Франција, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија. Тој тоа го објави на Твитер.

– Јас немам такви информации. Советот на министри нема можност да донесе таква одука без сите земји да бидат согласни. Добивме безусловена препорака, имаме блескав извештај, а во декемри ќе почнат преговорите со ЕУ – рече Заев.

Според неофицијалните информации, наводно само дванаесет членки на Советот на министри биле за преговори со Македонија: Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, Италија, Словенија, Хрватска, Белгија, Романија Естонија, Латвија, Литванија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот