Заев на економски форум во Берлин и на средба со Меркел

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во придружба на заменик претседателот на Владата на РСМ задолжен за координација со економските ресори Кочо Анѓушев, од 12 до 13 јуни ќе престојува во Берлин, СР Германија како почесен гостин на годишниот прием на Здружението за Источна Европа на германското стопанство во Берлин, и ќе земе учество на економскиот форум во организација на здружението.

Премиерот Заев на 12 јуни, на свечениот годишен прием на Здружението за Источна Европа на германското стопанство ќе има свое обраќање на тема „Реформите во стопанството и општеството – Патот на Северна Македонија во ЕУ“, и ќе земе учество во панел дискусијата насловена „20 години од Пактот за стабилност за ЈИЕ-перспективите за регионална соработка“.

На 13 јуни, премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев ќе се сретнат со повеќе високи претставници на дел од најголемите компании на СР Германија, во рамките на работниот состанок посветен на инвестициските можности во Република Северна Македонија.

На Претседателот на Владата на Република Северна Македонија во Берлин, на вториот ден од посетата, ќе му се придружат и заменик претседателот во Владата на РСМ за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, со кои е предвидено да оствари средба со канцеларката на СР Германија Ангела Меркел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот