Заев им порача на младите да учат средно стручно за да најдат работа

Идните градежни инженери, проектанти и геодети, вчера на премиерот Зоран Заев му презентираа како се проектира и се работи со 3D принтер, како се ѕида гипсен ѕид и како се извршуваат теренските геодетски мерења, соопшти од Владата.

Според владината прес-служба, премиерот ги уверил средношколците дека голем процент од младите полесно ќе најдат работа, ако навремено, уште во образованието се насочуваат за стручните потреби на пазарот на трудот.

– Сé поголем е недостатокот на квалификувана работна сила. Во една таква околност треба да направиме убав спој на младите луѓе коишто завршуваат средно образование, на компаниите коишто сé повеќе и повеќе ги има во нашата земја и на државата и државните институции за да добиеме win-win-win ситуација. Младите луѓе веднаш по завршувањето на средното образование, се обезбедени со трајно вработување, квалитетни и одржливи примања кои што значат гаранција за нивниот кариерен раст. Со дуалното образование ја добиваат неопходната практична квалификација зашто до крајот на своето образование стигнуваат некаде околу 70% од своето време да го поминуваат во практична настава директно во компаниите, и преку пракса знаат што ќе работат” – рече премиерот.

Заев признава дека државата на младите треба да и обезбеди квалитетна перспектива.

– Да бидеме подготвени како држава со квалификувана работна сила за да го подржиме севкупниот раст и развојот на нашата земја – рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот