Заев: Етничките заедници соодветно ќе бидат застапени, но нема да се толерираат уцени и закани

Етничките заедници соодветно ќе бидат застапени, но нема да се толерираат уцени и закани, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во Прилеп. Тој одговори на новинарско прашање дека лидерот на ДУИ Али Ахмети изјавувал дека „им се тресат нозете” на Заев и на Мицковски од неговиот предлог за премиер Албанец, а лидерот на ДПА мендух Тачи дека денеска ретерирал, но вчера изјави дека се можни меѓуетничка нетрпелиовст или војна доколку нема релевантни албански политички партии да учествуваат и во Владата и во Парламентот.

– Кампањата од луѓето прави сѐ и сешто. На шега велам, да ми се тресат нозете. СДСМ со коалицијата „Можеме” очекуваме, а е извесно возможно сами да обезбедиме мандати за формирање Влада. Но, и во такви околности ќе влеземе во коалиција за да има рамноправна застапеност во парламентарното мнозинство на сите етнички заедници кое ќе ја сочинува новата влада. Но, апсолутно никако нема да дозволиме уцени, закани, или какви било тајни преговарања. Може да се договараме за вредност, за интересот на граѓаните, за подобар живот на сите, на програмски определби, но уцени, никако, рече Заев.

Според него, ова е важно за да знаат граѓаните дека не зависи ниту од Ахмети, ниту од Заев, ниту од Мицковски или Тачи, ниту од Села или, кој било во државава, туку исклучиво од граѓаните кои, како што рече, се надевам дека ќе излезат во огромен број за да дадат силен легитимитет на овие избори и на идните институции – Парламентот и Владата со што ќе го искористат своето право тие да одлучуваат.

– Граѓаните кажуваат кој ќе биде пратеник, кој ќе биде претседател на Собранието, министер или претседател на Владата. Апсолутно никој друг. Секако дека сите концепти на парламентарното мнозинство и на Владата ќе бидат мултиетнички. Тоа е нашиот концепт – Едно општество за сите. А помислата да се замине во опозиција не е лесно, тоа го чувствуваат господинот Ахмети и господинот Мицковски, рече денеска Заев во Прилеп.

Заев: Во следниот мандат обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните за подобар економски стандард (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот