Заев: Во следниот мандат обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните за подобар економски стандард (ВИДЕО)

Три години СДСМ е посветена на реализација на концептот парите назад кај граѓаните. Три години обезбедуваме повеќе пари кај секој поединец, во секое семејство. Уште во првите 100 дена од мандатот ја зголемивме минималната плата и тоа за сите сектори без да има дискриминирани работници како што беа тоа вработените во кожарската, чевларската и текстилната индустрија, рече во изјава за медиумите Зоран Заев, претседател на СДСМ.

– Денес и по сите противења на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата изнесува 14.500 денари. До крајот на новиот мандат ја носиме на 20.000 денари, односно дури за 120 отсто повеќе од минималната плата од 9.000 денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Во овие 3 години зад нас растеше и просечната плата. Во следниот мандат ќе расте уште повеќе и во следниот. Просечна плата од 34.000 денари е нашата цел до крајот на мандатот и немам сомнеж дека тоа ќе го оствариме. Ја исправивме и неправдата кон стечајните работници. Денес, 12.000 наши сограѓани добиваат по 8.000 денари месечен надоместок, а во следниот период добиваат и домашна платежна картичка од 9.000 денари- потенцираше Заев.

Прочитајте и...  Грција: И покрај зголемениот број случаи на Ковид-19 нема притисок врз здравствениот систем

Додека многумина не веруваа, а ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше, истакна тој, ја воведовме и спроведовме најсериозната и најраспространета мерка со која за првпат државата враќа пари директно на сметките на граѓаните.

– Со Мој ДДВ за само три квартали вративме 10,7 милиони евра кон граѓаните. Овој проект продолжува и е уште подобар затоа што лимитот го зголемуваме од 600 на 800 денари месечно, од 7.200 на 9.600 денари годишно по корисник. Со концептот парите кај граѓаните не застанавме ниту кога се соочуваме со здравствена и економска криза. Напротив, продолживме да го реализираме уште подобро и уште повеќе. Со домашните платежни картички и со ваучерот за туризам кон повеќе од 324.000 граѓани граѓаните вративме 28 милиони евра за купување на наши, македонски производи и услуги, за посета на наши, домашни туристички центри и објекти- рече Заев.

Прочитајте и...  ЗЕМЈА БЕЗ МАСКИ: Додека во остатокот од Европа тие се задолжителни, тука ги сметаат дури и за штетни

– Во следниот период, покрај стечајните работници, домашна платежна картичка од 9.000 денари добиваат и пензионерите со пензии пониски од 15.000 денари, лицата кои се пасивни баратели на работа и самохраните родители. Ова, почитувани е вистински доказ што значи грижа за сите и вистински економски патриотизам. Граѓаните ја гледаат разликата и затоа на 15 јули на целосно здравствено безбедни избори, на гласање со целосна заштита, граѓаните ќе изберат овој концепт да продолжи уште повеќе и уште подобро. На 15 јули граѓаните одбираат да продолжи растот на платите и пензиите, парите да се враќаат во нивните буџети и нема да дозволат обнова на режимот кој ги крадеше парите- заклучи Заев.

Заев: Етничките заедници соодветно ќе бидат застапени, но нема да се толерираат уцени и закани

Прочитај повеќе

МНР: До моментов нема информации за засегнати граѓани на РС Македонија во Либан

Слободен печат

АЕК: Постапка за 5Г до крај на годината преку аукција, поединечни одобренија за сите опсези

Слободен печат

Грција испраќа спасувачки тим во Бејрут

Слободен печат

Кина со остар протест до САД заради најавената посета на американски министер на Тајван

Слободен печат

Нападнат Беким Асани: Планирам да купам пиштол, не може кој како ќе стигне да ме тепа!

Мирослава Бурнс

Вучиќ ќе избира меѓу четворица кандидати за нов српски премиер

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ново промотивно видео кое ја претставува Македонија како врвна дестинација (ВИДЕО)

Слободен печат

Во исчекување на протоколите, МОН објави прирачник за чистење на училиштата

Слободен печат

Од почетокот на кризата околу 20.000 луѓе загубиле работа: Работодавачи делат откази и на хронично болни лица

Се урна понтонски мост при воена вежба во Русија, повредени 18 лица

Слободен печат

Цивил со осуда против насилството и делата од омраза

Слободен печат

Едно лице обвинето за недозволено поседување оружје и муниција во Скопје

Слободен печат