Заев: Антикорупциска ќе врши проверка на имот, потекло на пари на судии, обвинители вклучително и на политичари

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва во гостување во Телевизија Телма ги најави процесите што новата Влада предводена од СДСМ и коалицијата „Можеме” ќе ги преземе во областа на правосудството.

– Тргнувме со прочистувањето на правосудството онака како што укажа Европската комисија тоа да го направиме. Прочистувањето таргетира индивидуална одговорност и преземање на одговорноста наместо колективната со распуштањето на правосудството. Во минатиот период улогата на Владата беше да ги напише законите, со Венецијанска комисија и со Европската комисија тоа го направивме. Во Парламентот задача беше да се изгласаат тие закони и тоа беше направено дури и во областа на двотретинските закони како што е законот за јавното обвинителство. Делот на практичната примена сега доаѓа на повидок. Преку прочистување во правосудството, секој судија што застарувал предмет ќе биде разрешен од експертска домашна и меѓународна мешовита комисија создадена уште во првите 100 дена ќе ги постави темелите на прочистување на правосудството. Антикорупциска комисија преку УЈП и другите институции ќе врши проверка на имот, потекло на пари на судии, обвинители вклучително и на политичари, рече Заев, одговарајќи на прашање кое се однесуваше на планираното прочистување на правосудството.

Образложи дека е здраво за државата во следните четири неповторливи години да ги максимзираме капацитетите, да ги дигнеме стандардите и да ги европеизираме институциите.

– Без правна држава и еднакво владеење на законот и правото нема ни економија, нема ни добро здравство, нема ни добро образование. Овде е темелот за сè. Затоа велиме уште во првите 100 дена стартуваме со оваа постапка за прочеистување на правосудството, ќе има комплетна ревизија и на предметите. Тоа мора да се направи, истакна Заев во своето гостување на Телма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот