Заедно пристигна, заедно си заминаа: Ристевски и Спировски повеќе не се играчи на Пјуник

Фото: FC Pyunik

Во еден ден стигна потврда дека двајцата македонски фудбалери, Кире Ристевски и Стефан Спировски го напуштаат Пјуник.

Спировски и Ристевски си заминуваат од клубот откако им истекуваат договорите и во летниот преоден рок како слободни фудбалери ќе побраат нов ангажман. Двајцата исто така заедно пристигнаа во клубот минатото лето и сега заедно си заминуваат.

32-годишниот Ристевски во минатото настапуваше за Пелистер, Елбасан, Билис Балш, Славија Софија, Работнички, Вашаш, Ујпешт и АЕЛ Лимасол. Дресот на македонската репрезентација го носеше на 59 натпревари.

Спировски исто така настапуваше за повеќе клубови како: АЕК Ларнака, Борац Чачак, Хапоeл Тел Авив, МТК, Мариупол, Бероа, Пелистер, Работнички и Вардар. За разлика од Ристевски, фудбалерот од средниот ред за националниот тим собра четири настапи помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот