Заедно можеме да направиме промени: Здружението „Борка” започна кампања по повод Светскиот ден за борба против ракот

По повод светскиот ден за борба против ракот, Здружението „Борка” започна кампања под мотото „Заедно можеме да направиме промени”. Здружението „Борка” изготви и видео во кое учествуваат јавни личности, амбасадорката на САД и првата дама на Северна Македонија.

Светскиот ден на ракот е иницијатива на Унијата за меѓународна контрола на ракот (UICC), која има за цел да се помогне да се спасат милиони животи и да се спречат смртни случаи секоја година со зголемување на свеста и едукација за ракот и придобивање на влади и поединци од целиот свет да преземат акција против болеста.

Оваа година, првпат ракот на дојка го надмина ракот на белите дробови како најчеста форма на болеста.

– Пандемијата со ковид-19 изминатата година го наруши нормалниот тек на третманот на рак како во нашата држава, така и во голем дел од земјите во светот, особено посочувајќи на доцнења во дијагнозата, следење на третманот со други дијагностички процедури, стопирање на скрининг програмите и слично. Од друга страна, здравствените работници се под екстремен стрес, зголемен е обемот на работа и отежнати се условите во кои работат, но исто така пандемијата влијеше и врз клиничките истражувањата, вели Биба Додева, претседателка на Здружението „Борка”.

Додева истакна дека здравјето не е цена. Тоа е инвестиција. Зато треба да ја смениме приказната бидејќи фундаментално право на секој човек е здравјето. Да поттикнеме креирање на нови подобри услови за третман и терапија на нашите граѓании, да ги охрабриме и поддржиме сите во нивната борба со ракот бидејќи оваа борба е наша, заедничка. Заедно можеме да направиме промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот