Заедничко чествување на Гоце Делчев е можно-вели академик Ѓорѓиев

Реакциите во јавноста и во Бугарија и во Македонија не стивнуваат по одбивањето на бугарската страна да го прифати 7 октомври како заеднички датум за чествување на Гоце Делчев.

Академик Драги Ѓоргиев, кој е на чело на македонскиот експертски тим, во изјава за „Слободен печат“ вели дека наспроти реакциите во јавноста во двете држави, простор за компромис секако дека постои. Не е исклучено тоа да биде и 4 мај, денот на загинувањето на Гоце Делчев,  датум кој и двете држави го одбележуваа засебно и досега.

– Неприфаќањето на нашиот предлог 7 октомври да биде датум за заедничко чествување е само една фаза од преговорите меѓу двете комисии. Аргументите од бугарска страна се повеќе политизирани – смета академик Ѓорѓиев, бидејќи повоениот период кога Бугарија доброволно и ги предаде посмртните останки на Гоце Делчев на Македонија тие го сметаат за комунистички, режимски и „предавнички“ на бугарските национални интереси.

– Разговорите за чествувањето на ликот и делото на Гоце Делчев не се прекинати, напротив продолжија. Ние повеќе треба да се концентрираме на тоа зошто денес е важен Гоце Делчев за нас и за нив. Зошто ние го славиме, зошто тие го слават, и да најдеме решение. Секое наметнување на исклучив став од која било страна и чувство на триумф на едниот над другиот, дека едниот го победил другиот, е апсолутно деструктивно за работата на комисиите – вели за „Слободен печат“, академик Ѓорѓиев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот