Заеднички воздушни воени вежби на САД и Јужна Кореја во близина на Корејскиот Полуостров

Воени авиони „Ф-35“ / Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

САД и Јужна Кореја денеска спроведоа заеднички воздушни воени вежби, вторпат во една недела, на кои учествуваа некои од најмодерните авиони на двете земји.

Двете држави спроведоа вежба над морето западно од Корејскиот Полуостров, а учествуваа јужнокорејски Ф35А и американски авиони Ф-22 и Ф-35Б, соопшти јужнокорејската војска.

Во соопштението се наведува дека воздухопловните сили на двете земји ќе продолжат да одржуваат заеднички воени вежби за зголемување на нивните капацитети за можен соодветен одговор на севернокорејските нуклеарни и ракетни закани.

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја вчера оцени дека вежбите на САД и нивните сојузници ги достигнале, како што баведува, „екстремните црвени линии“ и се закани дека ќе го претворат полуостровот во „критична воена зона“.

Пјонгјанг, исто така, соопшти дека не е заинтересиран за дијалог сè додека Вашингтон води непријателска политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот