ЗАДРЖУВАТЕ ТЕЧНОСТИ ВО ТЕЛОТО? Избегнувајте храна што содржи јаглехидрати

леб печива

Сигурно ви е познато чувството кога стомакот ви изгледа како „надуван балон“, а вие целите натечени немате желба да се погледнете во огледало затоа што се плашите дека ќе се видите себеси потешки десетина килограми повеќе отколку што всушност сте. За да го надминете овој проблем, ви нудиме неколку совети за ослободување на вишокот вода од телото:

1. Намалете го внесот на натриум

Доколку во организмот имате зголемено количество натриум, водата во поголеми количества се собира во него. Количеството натриум во нашиот организам треба да биде околу 200 милиграми, за да функционира беспрекорно. Доколку внесувате поголемо количество натриум од нормално пропишаната вредност, задржувањето на водата во телото ќе се зголеми.

2. Намалете го внесот на јаглехидрати

Општопознато е дека јаглехидратите можат да предизвикаат задржување на водата во телото. Доколку јадете, а притоа веднаш не го потрошите калциумот со некоја физичка активност, тој ќе се претвори во гликоген, кој на мускулите им служи за производство на енергија. Со секој слободен грам на гликогенот во телото се задржува и околу 2,7 грама вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот