За здраво слабеење: Авокадото во служба на убавината

Фото: Пиксабеј

Авокадото е плод кој во последниве години доби голема популарност и може да се најде и кај нас. Тоа иако е малку калорично, сепак има позитивно влијание на човечкото здравје. Ако сакате да ослабнете постојат неколку опции како да го консумирате правилно.

1. Со билки – кога сте гладни наместо да посегнете по нешто слатко, подобро исечете едно авокадо на половина, па посипете го со малку балзамико оцет, масло, сол, црн пипер и зачински билки по ваш избор.

2. Салати – неколку листови ајсберг салата, авокадо исечено на резанкии пармезан, е одлична салата. Особено добро се сложува со салати во кои има пилешко месо, јајца или риба.

3. Супи – од авокадото се прават вкусни летни ладни супи. Најдобра комбинација е со краставица, тиквичка и сл., за правење крем-супи. Можете да експериментирате и со други зеленчуци.

4. Сендвичи – од авокадото можете да направите секакви намази и паштети. Со нив можете да премачкате тостиран леб. Тоа е основна состојка во сосот гвакамоле, но можете и да го испасирате со малку сирење и да подготвите сендвич.

 

5. На скара – иако ви изгледа необично, сепак кога правите месо на скара, направете и гарнир од авокадо испечено на скара.

6. Со јајца – следен пат кога ќе правите омлет или кајгана, додајте неколку коцки авокадо. Ќе се изненадите колку вкусна комбинација е.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот