За средниот век и Гоце Делчев ќе се усогласуваат македонските и бугарските експерти

Периодот на средниот век и ликот и делото на Гоце Делчев ќе се најдат на маса денеска и утре на состанокот на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија, која овој пат ќе заседава во Софија.

Како што имнформираа од Комисијата, нејзините членови ќе се разговараат за утврдување на препораки до владите и соодветните министерства на двете држави за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение според бугарскиот образовен систем и седмо одделение според македонскиот образовен систем, коишто ги опфаќаат средновековниот период од историјата, како и за евентуално заедничко чествување на Гоце Делчев.

Средбата е продолжение на претходната, која се одржа во Скопје во јуни. Ова е четврта средба на Комисијата оваа година, а до крајот на годината се предвидени уште две средби.

Прочитајте и...  СДСМ: По 30 години, лани за прв пат во државата почнаа да се градат целосно нови мостови

Од досегашните шест средби до владите на двете земји се препорачани заеднички чествувања на Св.Кирил и Методиј, Св.Климент, Св.Наум и Цар Самоил, како и препораки за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Република Северна Македонија и петти клас во Република Бугарија кои се однесуваат на античкиот период од минатото.

Препораките до двете влади за периодот на антиката за учебниците од петто одделение во бугарскиот образовен систем и за шесто во македонскиот образовен систем беа усвоени на последиот состанок, што се одржа на почетокот на јуни во Скопје.

Гоце Делчев беше тешкото прашање на последната средба во јуни, а тогаш претседавачот од македонска страна Драги Ѓоргиев и бугарскиот претседавач Ангел Димитров напоменаа дека за одредени работи експертите од двете земји постигнале согласност во однос на личноста и делото на Делчев, но за одредени, нивните мислења се спротивставувале.

Прочитајте и...  Вучиќ до Милановиќ: Да ја бакнам земјата пред вашите стапала? Не ми паѓа на памет

Димитров изрази увереност дека доколку се продолжи со овој конструктивен пристап на состаноците на коишто се почитуваат фактите и се има правилен пристап кон историјата, со сигурност ќе се најде заеднички јазик за заедничко чествување на Гоце Делчев.

– Уверен сум дека има простор и основа да најдеме разбирање ако се однесуваме сериозно кон историските факти и документација, со почитување на позицијата на другиот. На тој начин ќе стигнеме до она што во моментов на некои им изгледа далечно – рече Димитров по јунскиот состанок.

Целта на состаноците, како што велат од Комисијата, е да се изврши денационализација и деполитизација на минатото. Комисијата е формирана на паритетна основа за решавање на историските и образовни отворени прашања, согласно со член 8 став 2 од Договорот за добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, потпишан на 2 август 2017 година. Има по седум членови од двете држави, претседател од македонска страна е Ѓоргиев, а од бугарска Димитров – првиот амбасадор на Бугарија во земјава.

Прочитајте и...  Италија: 11 села се изолирани поради коронавирусот

Прочитај повеќе

Спасовски изрази сочувство до семејството на загинатите деца во Романовце

Слободен печат

Асанж и претставници на американската Влада утре ќе се соочат во лондонскиот суд

Слободен печат

Официјално соопштение од Јамајка: Не е донесена одлука за признавање на Косово

Слободен печат

Силен земјотрес на границата меѓу Турција и Иран

Слободен печат

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА БИТКОИНОТ: Инвеститорите со нетрпение го чекаат мај

Слободен печат

Спасовски ќе ја предводи делегацијата на Самитот на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон

Слободен печат

Остави Коментар

14 + 16 =

Прочитај повеќе

Вучиќ до Милановиќ: Да ја бакнам земјата пред вашите стапала? Не ми паѓа на памет

Слободен печат

Георгиева: Епидемијата на коронавирусот го загрозува обновувањето на глобалната економија

Слободен печат

Околу 16 илјади македонски државјани живеат во Венето и Ломбардија, каде има изолација на 11 населени места поради коронавирусот

Слободен печат

Пендаровски изрази сочувство до семејството чии деца загинаа во експлозијата во Романовце

Слободен печат

Филипче: Подготвени сме дури и во случај да се појави првиот заболен

Слободен печат

Жената и детето кои беа повредени по денешната експлозија во Романовце се во критична состојба

Слободен печат