За првпат без Роналдо и Меси: Тројца кандидати за играч на годината!

фото: ffm.mk

Откако ова признание се доделува во изменет облик од сезоната 2010/11, помеѓу тројцата финалисти ги нема Аргентинецот Меси и Португалецот Роналдо.

Лионел Меси и Кристијано Роналдо имаа сезона за заборав со екипите на Барселона, односно Реал Мадрид, а тоа влијаеше за првпат во последните 10 години.

Во изборот на европската фудбалска куќа (УЕФА) имаме тројца кандидати за освојување на наградата, тие се Роберт Левандовски (Баерн Минхен), Мануел Нојер (Баерн Минхен) и Кевин де Брујне (Манчестер сити).

Победникот ќе биде прогласен на 1 октомври 2020 година кога воедно ќе биде одржана жрепкаѕа за групната фаза во Лигата на шампионите.

Како прв фаворит се одвојува Левандовски кој со Баерн стана европски шампион, а воедно беше и најдобар стрелец во ЛШ со 15 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот