За прв пат во историјата: Малиот хелихоптер „Ingenuity“ на НАСА ќе полета од Марс

twitter

Малиот хеликоптер наречен „Ingenuity“, кој пристигна на Марс склопен во роверот „Perseverance“, треба да полета на 11 април, соопшти НАСА.

#МарсХеликоптерот се подготвува да направи нешто што никогаш порано не е направено:
контролиран лет на друга планета“, објавија од НАСА на „Твитер“.

Фотографиите направени со хеликоптерот и другите податоци ќе пристигнат на Земјата следниот ден, на 12 април, велат од НАСА.

Малиот хеликоптер, тежок 1,8 килограми, веќе го испрати својот прв извештај до контролниот центар во Калифорнија, по слетувањето на „Perseverance“.

„Ingenuity“ треба да полета од платформа со димензии од 10 на 10 метри. За време на летот, треба да достигне висина од околу три метри, да остане на едно место триесет секунди, да се сврти и да се врати на земјата.

Хеликоптерот се напојува со литиумски батерии и би требало да го оствари својот прв самостоен лет, пркосејќи им на екстремните услови на Марс: температури од минус 90 степени Целзиусови, мала гравитација и тенка атмосфера.

Роверот „Perseverance“, кој тежи околу еден тон и има големина на мал автомобил, слета на Марс во февруари по 480 милиони километри патување низ вселената, кое траеше скоро седум месеци.

Главната цел на двегодишната мисија на „Perseverance“ е потрагата по микробиолошки живот на Марс за кој научниците се сомневаат дека постоел пред три милијарди години, околу времето кога настанал животот на Земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот