За прв пат откако го напуштија кралското семејство, Хари и Меган објавија официјален портрет: Ѝ оддадоа почит на принцезата Дијана

Profimedia
Фото:Профимедиа

Откако ги завршија своите последни официјални должности како членови на кралското семејство во март, принцот Хари и Меган Маркл за прв пат објавија стилизиран заеднички портрет, што нивните обожаватели со нетрпение го очекуваа бидејќи во последните месеци можеа да ги видат само преку папарацо фотографии со маски на лицата.

Фото: Инстаграм

Благодарение на фотографот Мет Сајлс, кој го фотографираше парот во нивниот нов дом во Калифорнија, Меган Маркл и принцот Хари се најдоа на официјалната црно-бела фотографија направена во специјалното издание на списанието „Тајм“ – Time100 Talks.

На фотографијата 39-годишната Меган Маркл е фатена додека седи во фотелја, гледа во подот и неодоливо се смее, додека нејзиниот сопруг, принцот Хари, седи над неа и се насмевнува повоздржано од неа. Војводата и војвотката од Сасекс ќе бидат домаќини на една од епизодите на Time100 Talks, во која тој ќе биде домаќин на основачот на „Reddit“, Алексис Оханиан, Марија Реса од „Rapplera“, како и домаќините на „Teenager Therapy“.

Фото: Инстаграм

Црно-белата фотографија ги воодушеви обожавателите кои веднаш забележаа неколку интересни детали. Освен што Меган Маркл внимателно го смислила својот моден изглед во кој особено се истакна црната јакна на Александар Меквин (84.773 денари),

Фото: Инстаграм

она што најмногу го „привлече“ вниманието се скапите модни додатоци. Покрај вереничкиот прстен, кој се проценува скоро на неверојатни 17. 789. 842 денари, Меган стави и часовник „Картие“ вреден 1. 220.346 денари, но и прстен од 5.101.049 денари.

Часовникот и прстенот се дел од колекцијата на покојната принцеза Дијана, па парот уште еднаш на овој суптилен начин и оддаде почит на покојната принцеза, мајката на Хари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот