За маркетинг и производство на зимница земјоделците зеле 16 милиони евра европски пари
Бројките велат дека земјоделците од ИПАРД 2 најмногу пари зеле за маркетинг и преработка на земјоделски и рибни производи за што се исплатени 16,3 милиони евра. За инвестиции и модернизација во земјоделски стопанства исплатени се 15,7 милиони евра, а за диверзификација на фарми и развој на мали бизниси исплатени се 6,4 милиони евра. Најмалку пари се исплатени за техничка помош и тоа околу 208.000 евра.
Македонија е лидер по искористеност на европски пари во аграрот на цел Балкан. Во првиот програмски период, односно ИПАРД 1 кон корисниците се исплатени 16 милиони евра. Во ИПАРД 2 до овој моментов се исплатени 39 милиони евра. Но сеуште не е исплатена целата сума и се уште стигаат барања за исплата кои треба административно да се обработат, а програмскиот период не е затворен. Во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделство и рурален развој потврдуваат дека Македонија веќе извесен период важи за лидер во искористеноста на европските средства во земјоделството и руралниот развој на Западен Балкан. Бројките велат дека земјоделците од ИПАРД 2 најмногу пари зеле за конзервирање на овошје и зеленчук каде спаѓа и зимницата, а најмалку за техничка помош. Со ИПАРД 3 ќе може да се отвараат козметички салони по селата, но и фризерници, а пари ќе можат да земаат и градоначалниците за решавање на водоснабдувањето во нивните општини и да градат канализацикси системи.
Препорачано
-Ова пред се се должи на долгогодишното искуство во спроведување на ИПАРД 1, а особено ИПАРД 2. Токму и затоа во следниот програмски период ИПАРД 3, државата доби зголемување на буџетот од 60 на 97 милиони евра. Во однос на останатите земји може да се каже дека имаме интензивна соработка која е веќе и преточена во меморандуми за соработка, а ние како држава со најголемо искуство во имплементација на ИПАРД често пати сме посетувани од колегите од другите држави кориснички на ИПАРД со цел црпење на нашите искуства и научените лекции- велат во Агенцијата за земјоделство и рурален развој.

Од таму велат дека максимално се посветени на ИПАРД средствата бидејќи се неповратни и мора да се искористат.
Според сумата која е исплатена од ИПАРД 2 најголема е заинтересираноста во делот на инвестиции во модернизација на земјоделска механизација, реконструкција и ревитализација на повеќегодишни насади, иригациони системи, градба и опремување на преработувачки капацитети за овошје, зеленлук, месо и млеко, како и инвестиции во руралниот туризам и развој на микро бизниси во рурални средини. Од ИПАРД се финансираат системи за наводнување, градби, механизација.
–Бројките велат дека земјоделците од ИПАРД 2 најмногу пари зеле за маркетинг и преработка на земјоделски и рибни производи за што се исплатени 16,3 милиони евра. За инвестиции и модернизација во земјоделски стопанства исплатени се 15,7 милиони евра, а за диверзификација на фарми и развој на мали бизниси исплатени се 6,4 милиони евра. Најмалку пари се исплатени за техничка помош и тоа околу 208.000 евра.
Освен мерките кои досега се имплементираат, во програмата за ИПАРД 3 која беше усвоена од Европската комисија во март 2022 година предвидена е имплементација и на мерките за рурална јавна инфраструктура каде корисници може да бидат општините во делот на инфраструктурни проекти, мерката ЛИДЕР каде корисници се Локалните акциони групи и мерката за агроеколошки мерки и органско производство.
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделство Никица Бачовски вели дека младите се се повеќе заинтересирани за европските пари и се повеќе апликанти за ИПАРД се од страна на млади земјоделци.

– Транспаретноста на процесите како и вложувањето на огромен дел од времето и ресурсите во запознавање на потенцијалните корисници со можностите на ИПАРД, најмногу ги привлече младите. Денеска скоро и да нема населено место каде нема корисник на средствата од ИПАРД, па така дополнително се зголемува заинтересираноста и кај оние кои досега не биле запознаени со програмата. Со оваа можност, во руралните средини може да се поддржат млади луѓе кои се занимаваат со занаетчиски дејности, со туризам и угостителство како и со алтернативно земјоделство- вели Бачовски.
Според него напуштањето на младите на сектор земјоделство е глобална појава со која може да се борите само ако имате цврста финансиска поддршка која ќе ја препознаат младите.Бачовски вели дека веќе е надминат проблемот со набавка на документи кој го посочуваа земјоделците во текот на првата транша на европските пари.
За разлика од ИПАРД 1 добар дел од документите се набавуваат по службена должност, што е олеснителна околност за секој апликант. Како најнов момент кој го вметнуваме во следниот програмски период ИПАРД 3 е поедноставување во однос на документацијата која се поднесува во случај на инвестиции во градби. Имено, при аплицирање на повик од ИПАРД 3, корисникот нема да има потреба да ја доставува документацијата, односно одобрението за градба туку истото ќе се превзема од страна на службениците во ИПАРД Агенцијата по службена должност велат во АФПРР.
Во моментов Платежната агенција заедно со останатата ИПАРД структура го подготви акредитацискиот пакет за имплементација на ИПАРД 3. Истиот е испратен за одобрување во генералниот директорат за земјоделство и рурален развој при Европската комисија. Веднаш по неговото одобрување, Агенцијата ќе распише јавни повици кои траат од 45-60 дена.
-Очекуваме дека во третиот квартал од 2023 година ќе се исполнат сите предуслови за објавување на јавните повици- велат во АФПЗРР.


