За елката на Новак Ѓоковиќ се зборува со години: Јелена избра уникатни украси со силна симболика
Украсувањето на елката во домот на Новак Ѓоковиќ е поинакво и автентично. Иако Јелена и Ноле ретко објавуваат фотографии од новогодишното дрво на социјалните мрежи, но она што може да се забележи е дека тоа е украсено само во неколку бои кои имаат посебна симболика.
Препорачано
Јелена објави фотографија од елка во 2018 година, а тогаш на големо се пишуваше за неа. Украсувањето беше автентично, а Јелена ги снимила и посебните украси, со имињата на децата, како и нивните миленици.
View this post on Instagram
Новак пак, минатата година сними видео пред елката во својот дом кога им го честиташе Божиќ на сите кои го слават празникот според Грегоријанскиот календар, а потоа по долги години повторно ја видовме нивната елка која беше украсена со златна, сребрена и бела боја.
View this post on Instagram
На некој начин овие бои на елката ја симболизираа и кариерата на Новак Ѓоковиќ, пишува „Курир“.
Имено, Ноле кој е најдобар тенисер на светот, освоил најмногу први места на турнирите, па оттука, златните лампиони ги симболизираат неговите победи. Се случуваше Ѓоковиќ да стигне до финалето и да загуби, па затоа е сребрената декорација која го симболизира второто освоено место.


