За една недела во Чиле вакцинирани милион луѓе
Од почетокот на програмата за имунизација пред една недела, повеќе од милион луѓе се вакцинирани против коронавирусот во Чиле.
„Нека 2021 година биде година на надеж. Заедно ќе ја надминеме пандемијата и ќе ја вратиме радоста на животот”, објави претседателот Себастијан Пињера на Твитер.
Во Чиле, масовната кампања за вакцинација почна во средата минатата недела, а владата постави цел да вакцинира 15 милиони луѓе до средината на годината.
Првите дози на вакцината пристигнаа во државата во декември, а први кои беа вакцинирани беа здравствените работници, јави Си-Ен-Ен.
Во јануари издадена е итна дозвола за употреба на кинеската вакцина Синовак, а вакцинирањето се врши и со вакцината на компанијата Фајзер и Бионтех.
Чиле има скоро 19 милиони жители, а регистрирани се повеќе од 760.000 случаи на коронавирус. Повеќе од 19.000 луѓе починаа од Ковид-19.
Извор.МИА