За две кризни години купени 142 нови државни автомобили!?

автомобили
автомобили / фото: EPA/EFE

Дури на 83 отсто од тендерите имало само по една понуда, што отвора сомнежи дека институциите си купувале какви сакале возила и имале можност за злоупотреба.

Од март 2020 година досега, 42 државни институции набавиле вкупно 142 нови возила за кои платиле 3,6 милиони евра. Најскапото возило чинело 47.000 евра. Повеќе од 40 отсто од набавените нови возила се поскапи од 30 илјади евра, а на 83 отсто од тендерите имало само една понуда; од поединечните модели најзастапено возило е „Шкода Суперб“.

Ова го покажало истражување на Центарот за граѓански комуникации, со кое се опфатени само лесните патнички возила набавени од државните институции, а не и товарните, транспортните и техничките возила. Исто така, во анализата не се вклучени половните возила што ги набавувале институциите.

Најмногу патнички возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи, која доскорешните „Пасати“ ги замени со 45 нови „Шкода Суперб Амбишн“. Државниот пазарен инспекторат, пак, купил 21 ново возило, 11 „Ситроен Ц3“ и 10 „Фиат Типо“. На трето место, со шест нови хибридни возила „Хјундаи Ајоник“ е Агенцијата за електронски комуникации.

Повеќе од 40 отсто од набавените нови возила се поскапи од 30 илјади евра. Најскапи три купени возила се „Шкода Суперб ФЛ“ од 47 илјади евра и „Мерцедес Ц 180“ од 44 илјади евра – и двете на Државната видеолотарија, а на трето место е „Хјундаи Соната“ на Агенцијата за електронски комуникации, по цена од 43 илјади евра.

Меѓу фирмите, најголема вредност на договорите и овој пат има „Порше лизинг“, со речиси два милиона евра, „МИ-ДА гранд моторс“ со речиси 300 илјади евра и „Аутомобиле-СК“ со 274 илјади евра. Кумановската „Делукс-ауто“ паднала од второ на четврто место со 168 илјади евра.

Дури на 83 отсто од тендерите имало само по една понуда, што отвора сомнежи дека институциите си купувале какви сакале возила и имале можност за злоупотреба.

Со новиот пакет антикризни мерки што ги донесе Владата, се забранува набавка на нови возила, освен за неопходните активности за работењето на институцијата по претходна согласност од Владата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот