Фото: Pexels.com

За чистење апартмани на Јадранот сезонава се земаат и над 20 евра на час

Летната сезона на Јадранот сè уште е во полн ек, а и натаму се бараат работници во многу струки поврзани со хотелиерството и угостителството, пишува „Дневно.хр“. Според порталот, кој направил споредба на цената на трудот на хигиеничарите пред две години и сега, сопствениците на апартмани оваа сезона плаќаат двојно повеќе.

Саатнината кај хигиеничарите пред две години се движела од 8 до 10 евра, а само најдобрите работници и работнички стигнувале до 13 евра на час. Но, годинава за час работа се добиваат и над 20 евра, вели за „Дневно“ жена која работи како хигиеничарка на хрватското крајбрежје.

„За апартман од 80 квадратни метри, за кој ми требаат околу три часа, заработувам 60–70 евра, вели жената, која за хрватскиот портал зборуваше и пред две години околу тарифите.

Условите за работа се исти – работниот ден обично почнува во 10 часот наутро, веднаш по заминувањето на гостите, а до 14–15 часот се подготвува просторот за нови туристи. Во зависност од големината на објектот, работат по неколку лица истовремено за да се стигне рокот, додава таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот