„Whitesnake“ објавија нова песна: Легендите најавија уште еден албум во јуни (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Рок легендитете „Whitesnake“ го најавија излегувањето на новото издание наречено „The rock album“, а притоа ја објавија и песната „Always the same“, снимена минатата година, во текот на работата на последниот 13. студиски албум „Flesh & blood“.

„The rock album“ ќе биде нова колекција на која ќе се најдат 16 повторно едтирани верзии од нивните најголеми рок хтови.

Официјалното излегување на изданието „The rock album“, кој покрај на двоен бел винил, ќе се најде и во це-де формат, закажано е за 19 јуни оваа година, а исто така ќе се најде и на дигиталните стриминг сервиси.

„Whitesnake“ по повод 33-годишницата од својот прв платинест албум „Slide it up“, продаден во повеќе од шест милиони копии ширум светот, неодамна објавија и негово роденденско, одново обработено издание на двоен, транспарентен црвен винил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот