Вуко Борозан од Вардар се сели во европскиот вицешампион

handballveszprem.hu

Поранешниот бек на Вардар Борозан ја продолжува кариерата во Веспрем со договор 2+1.

Играчот од Цетиње ја започна кариерата во Карловац, па мал период ги бранеше боите на скопски Металург.

Со Вардар во 2017 година ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Воедно со „црвено-црните“ имаше по два трофеи во македонското првенство и националниот Куп, како и трипати освојувач на СЕХА лигата.

Потсетување дека уште еден поранешен играч на „црвено-црните“ ќе игра за Веспрем, станува збор за бразилскиот пивот Рожерио Мораеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот