Вукас: Не смееме да ја потцениме Академија Пандев!

hskzrinjski.ba

Вукас изминатиот период беше промовиран како нов тренер на Зрињски Мостар, хрватскиот стратег беше помошник на Игор Тудор во Хајдук, Карабукспор, Галатасарај и Удинезе. Вкупно 10 меча го водеше Хајдук.

Денеска во Нион беа извлечени двојките за првото квалификациско коло на Лига Европа, Академија Пандев ќе ги одмери силите против Зрињски.

Во овој момент тренерот на босанскиот тим ги знае само оние основни информации околу Академија Пандев:

– Сигурно дека до првиот натпревар темелно ќе се подготвиме за она што нè чека. Уште во својата втора сезона во најсилното македонско првенство изборија пласман во Европа, а тоа сугерира дека тој клуб е на излезен пат. Противникот сигурно нема да го потцениме, но знаеме која ни е цела и што од нас се очекува, а тоа е пласман во следната фаза – се зборовите на тренерот на Зрињски, Вукас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот