Вујовиќ: Очекувам играчите да го остават срцето на теренот и да покажат дека заслужуваат да го носат дресот на Вардар

фото: Слободен печат

Македонскиот ракометен шампион Вардар денеска ги започна подготовките за новата сезона со добро познато лице на клупата, Веселин Вујовиќ. Целите на Вардар во новата сезона се највисоки, титулите во домашните натпреварувања, СЕХА Лигата и играње во завршницата на Лигата на шампионите. Популарниот Вујо, во свој стил најави дека очеува од неговите играчи да го оставаат срцето на теренот на секој натпревар.

–  Вчера пред стартот на подготовките имав состанок со претседателот Михајловски кој ми ги објасни случувањата околу клубот, денеска е решен проблемот со ЕХФ околу депозитот и можеме да се сконцентрираме на новата сезона. Веќе го одработивме првиот тренинг, има позитивна атмосфера и тоа е радува. Вардар е македонски бренд и ние мора да се впуштиме во борба за трофеите. Играчите може да ме мразат или да ме сакаат, но мора да го остават срцето на теренот и да покажат дека заслужуваат да го носат дресот на Вардар – вели Веселин Вујовиќ.

Вардар во новата сезона ќе има неколку нови имиња, а едно кое дојде на инсистање на Вујовиќ е Жереми Тото.
– Дојдов во Скопје во неделата и првите импресии се дека градот е убав. Тука се чувствуа енергијата, луѓето го сакаат ракометот. Денеска ги стартувавме подготовките, имам добро чувство за сезоната, играм до одлични играчи. Ова не ми е прво доаѓање во Македонија, пред 5-6 години играв на Струшкиот турнир, ја сакам енергијата на навивачите. Игравме на отворено и тоа беше ново за мене – вели Тото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот