Министерот за правда го посетил Младиќ во затвор, барал Хаг да го пушти да се лекува во Србија
Министерот за правда на Србија Ненад Вуиќ денеска го посети Ратко Младиќ во затворот во Хаг, по што побара од претседателката на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови, Грасиела Гати Сантана, Младиќ да биде пуштен на лекување во Србија, соопшти министерството, пишуваат српските медиуми.
Препорачано
Ратко Младиќ, кој издржува казна доживотен затвор, на 15 април доживеа мозочен удар.
„Младиќ е во многу сериозна состојба, има лоша комуникација и е во затворска болница. Република Србија даде сериозни гаранции и ние остануваме отворени за давање дополнителни доколку Механизмот смета дека е потребно. Прашањето овде е животот на генералот Младиќ и секое понатамошно притворање е кршење на меѓународното право и меѓународните стандарди“, изјави министерството.
Вуиќ рече дека ќе го постави прашањето пред Обединетите нации, Комитетот за човекови права и пред Комитетот против тортура и нехуман третман „бидејќи во случајот со Младиќ постојат елементи на нехуман третман“.
Министерот му укажа на претседателот на Механизмот на неможноста семејството на Радован Караџиќ да го посети во затвор во Обединетото Кралство, поради што побара од Механизмот да контактира со Велика Британија за да се отстранат пречките.
Хаг го одби барањето на Ратко Младиќ да оди на погреб на член на семејството


