Вучиќ од Кина: Можно е наскоро да поднесам оставка
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека наскоро му истекува мандатот и дека можеби ќе поднесе оставка, наведувајќи дека нема да го скратува мандатот како што своевремено направи претседателот Борис Тадиќ, со „бесмислена формулација, бидејќи или поднесуваш оставка или си претседател до крајот на мандатот“, објави „Данас“.
Препорачано
„Значи, можно е наскоро да поднесам оставка“, им рече Вучиќ на новинарите во Пекинг, на почетокот на посетата на Кина.
Тој, исто така, рече дека некои собири, мислејќи на синоќешниот на Славија, не можат посебно да го вознемират, „особено кога се без добро осмислена содржина, празни и не особено бројни“, обвинувајќи ги организаторите на собирот за инцидентите по неговото завршување.
Тој наведе дека три служби дале процена за бројот на присутни синоќа и дека проценките се движеле од 30.500 до 34.300 луѓе, а „ја прифативме највисоката проценка“, иако, како што рече, „прецизните податоци покажуваат дека имало нешто помалку од 34.000 присутни“.
Како што тој наведе, Српската напредна странка од 26 до 28 јуни ќе организира собири, но „поважни од нашата бројност се пораките што тогаш ќе им бидат упатени на граѓаните“.
На протестот во Белград се собраа речиси 200.000 луѓе — најголема бројка од падот на Милошевиќ


