Вучиќ не знае што ќе работи следно, ама не исклучува да биде и премиер
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во интервју со Ројтерс зборуваше за своето наследство, откако неговиот мандат завршува во 2027 година.
Препорачано
Тој не е сигурен што ќе прави следно, но не ја исклучи можноста за враќање во партиската политика или да стане премиер.
„Би сакал да бидам помалку ангажиран во политиката или воопшто да не бидам, но грижата за моето наследство можеби ќе бара некаков ангажман, ќе видиме.“
Во интервјуто, Ројтерс го карактеризира Вучиќ како популист кој претрпе тежок политички удар со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад во 2024 година, кога загинаа 16 лица. Трагедијата предизвика протести низ целата земја, со кои се бара крај на корупцијата.
Вучиќ призна дека корупцијата е проблем во Србија и е „незадоволен“ од напорите за нејзино искоренување. „Станува збор за корупција во нашите државни институции… вклучувајќи ги и политичарите“.
Сепак, тој ги отфрли демонстрациите како заговор од меѓународните безбедносни агенции – вклучувајќи ги и оние од соседна Хрватска, Албанија и Косово – за соборување на владата, без да обезбеди докази.
Среде улични протести, тој рече дека ќе повика на предвремени избори оваа година.


