Вучиќ: Ќе се бориме против интеграцијата на Косово во НАТО
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека се надева дека Косово нема да биде интегрирано во НАТО.
Препорачано
Откако тројца американски конгресмени го предложија тоа, Вучиќ одговори дека Србија ќе се бори да го спречи тоа.
-Се надеваме дека тоа нема да се случи, се бориме да спречиме нешто такво да се случи, рече Вучиќ.
Тој потсети дека, од петте земји од ЕУ што не го признаа Косово, четири се членки на НАТО и рече дека не гледа како вклучувањето на Косово во Алијансата може лесно да оди.
Американскиот конгресмен Кит Селф, заедно со конгресменот Мајк Лолер, му презентираа на Претставничкиот дом резолуција со која се изразува силна поддршка за интеграцијата на Косово во НАТО, а конгресменот Ричи Торес иницираше резолуција со која се бара американските трупи да останат во рамките на мисијата КФОР во Косово сè додека КФОР конечно не ја заврши својата мисија.
Резолуцијата ги повикува четирите земји-членки на НАТО кои не го признаваат Косово да ги преиспитаат своите ставови и нагласува дека е потребно пошироко признавање на Косово за да се отклучи неговиот пат кон интеграција во НАТО и да се затвори стратешкиот јаз во Југоисточна Европа, кој, како што е наведено, „противниците се обидуваат да го искористат“, објави вчера Косовско онлајн.


