Вучиќ е еден од политичарите кои најмногу сака да зборува, за 8 месец одржал 190 говори

Обраќање на Александар Вучиќ / Фото Телеграф.рс принтскрин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за осум месеци од оваа година директно, преку телевизија со национална фреквенција, се обратил повеќе од 190 пати, соопшти граѓанската организација ЦРТА, објави N1.rs.

Тоа е период од 243 дена. Претседателот најмногу зборувал во април, дури 32 пати. Тој зборуваше 17 пати во јануари, 27 во февруари, 30 во март, 21 во мај, 23 во јуни и јули и 21 пат во август.

Според програмскиот директор на ЦРТА Раша Недељков, Вучиќ и годинава не го променил манирот. Тој лани на граѓаните им се обраќаше 300 дена, понекогаш и неколку пати во текот на денот, во просек по 40 минути дневно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот