Вучевиќ: Поради немањето волја на Пришина, нема деескалација на ситуацијата на Косово

Фото Јутуб принтскрин

Министерот за одбрана Милош Вучевиќ денеска изјави дека нема деескалација на ситуацијата на Косово, бидејќи недостига волјата на Приштина и додаде дека Србија не направила ништо за да ја влоши ситуацијата на терен, туку испратила пораки за смирување на ситуација и да се најде компромисно решение.

,,Ако некој беше толерантен и повеќе од нормален, тоа беа Србите на Косово и Метохија и Србија. Ако некој испраќаше пораки да се смири ситуацијата, да се покаже добра волја, да се бара компромис, тогаш тоа беше српската страна. Режимот на Албин Курти продолжи да функционира држејќи се до неговата агенда – етничко чистење на Косово и Метохија од Србите и создавање атмосфера во којa е невозможно да се живее низ постојано заплашување, апсење и прогон, рече Вучевиќ.

Вучевиќ изјави и дека оние кои не живеат во тој крај не можат да замислат што се случува на Косово. Возилата на брзата помош од северот на Косово одат во Врање, потоа не можат да се вратат на Косово, бидејќи приштинските власти не им дозволуваат.

„Не ги пуштаат да се вратат, ги малтретираат, создаваат тензија и атмосфера во која не може да се живее, тоа е политика, луѓето да кажат дека за нив нема живот“, рече Вучевиќ.

Вучевиќ потсети и дека Министерството за одбрана и војската на Србија од 1 август распишале конкурс за специјални единици кој ќе трае до 30 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот