24.8 C
Скопје

Второстепена комисија ќе разгледува зошто пациент кој е кислородно зависен со ковид добил само три дена боледување

Сопругата на пациентот, Петранка Андреевска-Нацевска изјави дека е шокирана што нејзиниот сопруг добил само три дена боледување, иако до пред неколку дена бил хоспитализиран, прво на државно во Клинички центар на ОРЛ, а потоа во приватната клиника „Жан Митрев“ каде што го однеле на своја иницијатива.

Откако „Слободен печат“ објави дека Лекарска комисија му дала само три дена боледување на пациент отпуштен од приватна болница со ковид, а кој е кислородно зависен, Министерството за здравство информира дека случајот ќе се разгледува на второстепена комисија.

„Секој пациент има право да ја обжали одлуката на второстепена комисија. Случајот ќе се разгледува н авторотстепена комисија. Одлуката на првостепената комисија не е конечна”, велат оттаму.

Токму Второстепената комисија по одржаната седница, одлучила боледувањето на пациентот да му се продолжи.

Сопругата на пациентот, Петранка Андреевска-Нацевска за нашата редакција изјави дека е шокирана што нејзиниот сопруг добил само три дена боледување, иако до пред неколку дена бил хоспитализиран, прво на државно во Клинички центар на ОРЛ, а потоа во приватната клиника „Жан Митрев“ каде што го однеле на своја иницијатива.

– Откако го однесовме во Жан Митрев, таму го стабилизираа и го отпуштија после 22 дена на наше барање, бидејќи знаете какви се цените таму. Потоа ни рекоа да земе кислороден концентратор кој јас го набавив. Денеска се шокирав кога ми се јави матичната да ми каже дека лекарската комисија на мојот сопруг му го продолжила боледувањето замо за три дена, иако е кислородно зависен. Треба ли да оди на работа со кислородниот концентратор? Не можам да разберам, дали тие лекарски комисии гледаат што всушност се случува со пациентите или само така бланко потпишуваат решенија – прашува Андреевска-Нацевска.

Таа тврди дека нејзиниот сопруг е на домашно лекување, меѓутоа дека не е во состојба да оди на работа, нешто што лекарската комисија воопшто не го зела предвид пред да го издаде решението. Во отпусното писмо пишува дека тој е отпуштен од болница на негово барање, нешто зад кое стојат финансиски причини и дека е кислородно зависен.

Меѓутоа, со решението од Лекарска комисија потпишано од Љупчо Настевски и Јован Гиговски, со претседател Емилија Василевска, се наложува пациентот да оди на работа од 6 мај, односно од вчера, согласно критериумите на ФЗОМ.

Во отпусното писмо пак, пишува дека пациентот се отпушта на негово барање, но уште му е потребно болничко лекување.

„Задолжително е пациентот да ја зема ординираната терапија. Секоја промена на истата треба да биде во координација со установата каде е хоспитализиран. Пациентот и семејството се информирани за состојбата на пациентот и терапијата за дома, на јазик и начин кој тие го разбираат. Дадени се совети за нега во домашни услови. Им беше овозможено да постават прашања кои сметаат дека се за нив важни. Препорака за контролна рентгенградија на белите дробови и лабораториски анализи со ЦРП и Д Димери после седум дена. Препорака за компјутерска томографија, магнет на срце и детален кардиолошки преглед по стабилизација на состојбата”, стои во отпусното писмо во кое има и листа на ординирани таблети, витамини и медикаменти.

Поврзани вести

Лукаревска: Наша единствена алтернатива е ЕУ

Слободен печат

Пукотница во Старата скопска чаршија

Слободен печат

Филипче од Штип: Покажавме дека за нас зборот е збор, го имаме најдоброто за секоја општина

Слободен печат

Ексцентричен тајкун, креатор на најпознатата антивирусна програма, пронајден мртов неколку часа по одлуката за екстрадиција

Слободен печат

Заев тврди дека не разговарал со Ахмети за промена на знамето, грбот и химната

Слободен печат

Заев за новите проекти: Се воведува еколошка такса, ќе се инвестира во обновливи извори

Слободен печат

Остави Коментар