Врие од српска полиција и војска во Кањижа: Вучиќ вели дека е пронајден експлозив со огромна разорна моќ кај гасоводот „Балкански тек“
Тукушто го завршив телефонскиот разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбан, во кој го запознав со првите резултати од истрагата на нашите воено-полициски органи во врска со загрозувањето на критичната гасна инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија. Нашите единици пронајдоа експлозив со голема разорна моќ и фитили неопходни за негово активирање. Му реков на премиерот Орбан дека ќе го информираме за понатамошниот тек на истрагата“, напиша претседателот Александар Вучиќ на „Инстаграм“.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека српските единици пронашле експлозив со голема разорна моќ блиску до гасната инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија, пренесе „Н1“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Тукушто го завршив телефонскиот разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбан, во кој го запознав со првите резултати од истрагата на нашите воено-полициски органи во врска со загрозувањето на критичната гасна инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија. Нашите единици пронајдоа експлозив со голема разорна моќ и фитили неопходни за негово активирање. Му реков на премиерот Орбан дека ќе го информираме за понатамошниот тек на истрагата“, напиша Вучиќ на „Инстаграм“.
„Пронајдени се два огромни пакети со експлозив“
Тој рече дека биле пронајдени два големи пакети со експлозив и фитили, недалеку од населбата Велебит, во близина на гасоводот „Балкански тек“.
„Секако, ова менува многу нешта и во нашите односи. Ние ја браниме компресорската станица буквално како Крагуевац и Ниш, така што таму ни птица не може да прелета. Ова се случи на северот на Војводина и се надевам дека ќе го отстранат тој експлозив без жртви и без трагични последици“, рече Вучиќ.
Тој изјави дека постојат траги за сето тоа, но дека нема подетално да зборува.
Претседателот додаде и дека, доколку дошло до прекин на дотокот на гас, ниту Унгарија ниту северот на Србија немало да имаат гас и порача дека „безмилосно ќе се пресметаат со секој што мисли дека ја загрозува виталната инфраструктура на Србија“.
„Од една страна ми е жал што ги вознемиривме на Велигден, а од друга страна сум среќен што, според сè што засега гледаме, успеавме без никакви жртви да спречиме тешка акција против виталните интереси на Република Србија“, порача Вучиќ.
Полицајци и војници го пребаруваат теренот во Кањижа
Припадници на полицијата и војската од утринава го пребаруваат теренот во општина Кањижа, во потрага по недозволени материи опасни по животот на граѓаните и по делови од виталната инфраструктура.
По одобрение на Вишото јавно обвинителство во Суботица, припадници на Управата за криминалистичка полиција, заедно со Воената полиција и други единици на Војската на Србија, од раните утрински часови се ангажирани на блокада и на претрес на дел од територијата во општина Кањижа, со цел пронаоѓање недозволени материи опасни по животот на граѓаните и по виталните инфраструктурни објекти во тој дел од Србија.
Припадниците на полицијата и војската блокирале повеќе патни правци во таа општина.
Блокирани се патиштата од селото Трешњевац кон селото Војвода Зимоњиќ, како и патниот правец од селото Војвода Зимоњиќ кон селото Велебит.
Полицијата и војската го пребаруваат теренот на патниот правец Трешњевац – Војвода Зимоњиќ, како и патниот правец кон селото Велебит.
Претресот се врши комбинирано од земја, со контрола и координација од воздух. Над теренот надлетуваат хеликоптери.
Сите расположливи сили на УКП и Војската на Србија се на терен, меѓу нив и Специјалната 72. бригада.
Ангажирани се хеликоптери, дронови, кучиња трагачи, термовизија, контрадиверзантски екипи, санитетски возила и друга техника.


