ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево, умерено облачно со најава за врнежи вечерва

Ладно време / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта од запад ќе започнуваат врнежи претежно од снег. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски за Утрински брифинг.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала, а попладне и навечер со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 7 степени.

Потоа во текот на утрешниот ден врнежите од снег ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Само на некои од ниските места повремено ќе има врнежи од дожд и од снег. На повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, додека на планините истата значително ќе се зголеми. Ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени. Локални врнежи претежно од снег ќе има и во среда, и тоа особено во јужните и во југоисточните предели, додека од четврток па натаму времето ќе биде претежно стабилно и суво.

Наутро температурите повторно ќе бидат МНОГУ НИСКИ и понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени во крајните југоисточни предели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот