ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно и студено

Македонија Скопје зима снег студено време
Зима во Скопје / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено. Претпладнево се уште ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени, прогнозира Славчо Попоски за Утрински брифинг.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и студено. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.

Потоа од утре па натаму следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе продолжи да дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО, и тоа особено утре и во петок кога минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 6 степени.

Потопло преку ден ќе биде во петок и за време на викендот, кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 12 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот