ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Претежно облачно и ветровито со врнежи

облаци
Облачно време / Фото: А. Пауновска, Слободен печат

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно, а особено во западните предели ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Во попладневните и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд и снег на планините, вели временската прогноза на Славчо Попоски за Утрински брифинг.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Кон крајот на денов и навечер ќе започне да дува засилен, повремено на некои места СИЛЕН ветер од северен правец и истиот ќе услови нагло заладување на времето, со што врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои пониски места. Врнежите ПОИНТЕНЗИВНИ ќе бидат особено во западните предели, каде во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се формира нова снежна покривка, додека на планините истата ќе се зголемува. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно, додека во попладневните и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд. Доцна попладне и навечер ќе започне да дува засилен ветер од северен правец, со што врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и во делови од Скопската котлина. Максималната температура ќе се искачи до околу 11 степени.

Потоа утре локално и тоа особено во планинските предели сеуште ќе има услови за провејување на снег, а ќе дува и засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен правец. Максималните температури ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степен. Веќе од среда па натаму времето ќе биде стабилно и суво со повеќе сончеви периоди, додека температурите ќе бележат тенденција на значителен пораст и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот