ВРЕДЕШЕ ЛИ? Катица Јанева се прости од мајка и, но не дочека да ја спуштат во гробот (ФОТО)

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, утринава со полициска придружба од КПУ Затвор – Скопје замина во Гевгелија на погреб на нејзината мајка. Како што информира екипата на „Слободен печат“ од Гевгелија, на Јанева и било дозволено накратко да се прости од својата мајка во капелата.

Фото: Слободен печат

Полицијата не и дозволила да оди на гробиштата, туку веднаш ја вратила назад за Скопје, во истражниот затвор во Шутка, каде одлежува 30-дневен притвор.

Јанева е осомничена во случајот „Рекет“ за кривично дело Злоупотреба на службена положба по член 353 став 3 во став 1 од КЗ на РМ. Станува збор за прибавување имотна корист во значителен износ од 1,5 милиони евра. Од прибавената имотна корист за себе зела мебел што и го набавил еден од осомничените.

Гевгеличани се прашуваат, вредеше ли ова што го направи обвинителката за да не може да присуствува на погребот на сопствената мајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот