Врачување на државната награда „Св. Климент Охридски“

Државната награда „Св. Климент Охридски“ е  највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија.

Во Собранието денеска напладне ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година.

Универзитетската професорка Маја Бојаџиевска ќе ја добие нарадата во областа на воспитанието и образованието, а во областа на културата и уметноста годинава се наградени писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази.

Државната награда „Св. Климент Охридски“ е  највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија.

Одлуката за годинашните добитници на наградата ја донел Одбор под претседателство на Томислав Османли.

По повод државниот празник 8 Декември – Свети Климент Охридски, делегации од Кабинетот на претседателот, од Собранието, од Владата, од Генералштабот на Армијата, од МПЦ-ОА, како и претставници на институции, на дипломатскиот кор и на политички партии ќе положат цвеќе пред споменикот на Св.Климент Охридски пред Националната универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“.

Како што соопшти Собранието, во состав на делегацијата ќе бидат пратениците Емилија Ангелова, Даниела Николова и Павле Арсоски. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот