Вработените во АЦВ земаат просечни плати од 75.000 денари

Томислав Тунтев кој ја напушти пратеничката функција на почетокот од минатата година за да директорува со Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба. лани поделил милион евра, односно 60,8 милиони денари за нето-плати на 68 вработени, пишува во отчетот што ова регулаторно тело го достави на одобрување во македонското Собрание, открива Фактор.мк.

Сега просечна плата на вработените кај поранешниот пратеник е 75.000 денари, односно бруто-платата со сите надоместоци сега е преку 100.000 денари. Според надлежностите иако оваа aгенција е финансиски и функционално независна од другите државни органи, за својата работа сепак одговaра пред Собранието. Од наплата годишно собира од три до четири милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот