Вработен на Кристијано Роналдо го уништи неговото Бугати од 2,5 милиони евра

Фото: Instagram

Автомобилот на Кристијано Роналдо, „Bugatti Veyron“ од 2,5 милиони евра бил испратен со камион за влечење под сина церада откако неговиот телохранител удрил со него во ѕид во Мајорка, кога му го носел на фудбалерот, пишува „Mirror“.

Пред неговата прва претсезона со новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, Роналдо одлучи да го однесе своетосемејство во Мајорка на престој во приватна вила. Но, неговото патување направи пресврт во понеделникот, кога неговиот ценет Бугати доживеа сообраќајна несреќа.

Роналдо не бил зад воланот кога се случил инцидентот туку се верува дека еден од двајцата телохранители на Роналдо возел кога автомобилот излетал од патот и се удрил во камениот ѕид.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Autobizz (@autobizz.in)

Во извештајот се додава дека членот на безбедносниот тим на Роналдо брзо излегол од автомобилот за да го продолжи патувањето, оставајќи го другиот вработен да ја пречека локалната полиција. Одговарајќи на инцидентот, шпанската полиција потврди дека немала информации кои укажуваат на тоа дека Роналдо бил индивидуалецот кој возел.

Извор за инцидентот рекол: „Автомобилот удрил во ѕид, но имало само материјална штета без повредени, а возачот ја прифатил целосната одговорност за тоа што се случило. Информациите за тоа кој бил зад воланот и што се случило се регистрирани во полициската база на податоци и се достапни за судот или службениците доколку треба да се спроведат дополнителни истраги“.

Кристијано Роландо/фото: EPA-EFE/RODRIGO ANTUNES

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот