Пакистан Авганистан судири EPA/SAMIULLAH POPAL

Обновени судирите меѓу Авганистан и Пакистан, има мртви и ранети

Авганистан и Пакистан размениле жесток оган в неделата, при што во Авганистан била убиена најмалку една личност, а повредени 16, главно жени и деца, соопшти денеска заменикот портпарол на Талибанците, Хамдулах Фитрат.

Обновувањето на судирот во граничниот дел на двете земји се случил во момент кога во Пакистан се одржал состанок на делегации на регионални сили, кои разговарале за деескалација на војната во Иран и на Блискиот Исток, со најава дека Исламабад би можел да биде, како посредник, домаќин на преговори меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, пренесува Ројтерс.

Службениците за безбедност од Пакистан соопштиле дека таа земја само одговорила на силно гранатирање од Авганистан и дека не биле гаѓани никакви цивилни локации.

Најжестоки борби меѓу Пакистан и Авганистан во последните неколку години избиле минатиот месец, со големи човечки загуби од двете страни.

Кабул порано соопштил дека во март повеќе од 400 луѓе биле убиени во пакистански воздушен напад на центар за рехабилитација од дрога во тој град, пред соседните земји да ја прекинат борбата.

Пакистан ги одби тврдењата на талибанците за напад на рехабилитацискиот центар, наведувајќи дека „прецизно ги целел воените објекти и инфраструктурата за поддршка на терористите“. Пауза во судирите била најавена за Рамазански Бајрам, а до обновување на судирите дошло вчера, неколку дена откако биле најавени привремени паузи во борбите.

Исламабад ги обвинува авганистанските талибани дека кријат и поддржуваат исламистички милитанти кои изведуваат напади во рамки на Пакистан, што Кабул го негира, наведувајќи дека милитантите се внатрешен проблем на Пакистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот