ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО I Тинејџер ја зави Србија во црно: Драган се удави во река, мајката неутешна

Момчето по чија потрага се дигна целата српска јавност беше извлечено од водите на реката Тамиш во Панчево. Петнаесет годишниот Драган, вчера по два дена пронајдоа нуркачи од жандармеријата кои се вклучиле во потрагата.

Српските медиуми објавија дека очајната мајка и другите членови на семејството дошле веднаш штом дознале дека потрагата има трагичен крај.

Присутните кои во тој момент биле на кејот покрај реката за локалните медиуми сведочеа дека плачот на Данијела одекнал до небото.

„Дозволете ми да го видам, дозволете ми да дојдам, тој е мое дете! Сакам да го видам мојот син“, викала мајката на починатото дете, удавена во солзи.

Според досегашните информации Драган пред неколку дена раскинал со девојката. До нејзе и  неговата најдобра другарка, младото адресирал проштални писма во кои, според сведоштвата на девојките и мајката, тинејџерот барал начин како безболно да си го одземе животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот