ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ I Трагедија во Русија: Најмалку 11 мртви откако две лица пукаа во средно училиште

Најмалку 11 лица загинаа, а четири се повредени во денешното пукање во училиште во рускиот град Казан, соопштија службите за итни случаи, пренесува Скај телевизија. Локалните медиуми соопштуваат за девет убиени деца.

Претходно, претседателот на Татарстан Рустам Миниханов, кој веднаш допатува на местото на нападот рече дека се убиени седум ученици.

– Изгубивме седум деца, ученици од осмо одделение, четири момчиња, три девојчиња. Тие починаа тука на третиот кат, истакна Миниханов. Тој информира Во пукањето во училиште во Казан, 32 лица се повредени и пренесени во болници.

Претходно беше соопштено дека две вооружени лица отвориле оган во училиштето, а едниот од нив – 17-годишник – подоцна е приведен, додека другиот е елиминиран за време на нападот. Едното лице го најавил нападот на социјалнта мрежа Телеграм, каде напишал „Денес ќе убијам многу „ѓубре“ а потоа ќе се самоубијам“.

Локалните власти соопштија дека некои деца се евакуирани од училиштето, но други сепак останале во зградата.

Видеото објавено на Твитер прикажува деца кои бегаат од училиштето каде се случува нападот. На видеото се гледа како дете скока од третиот кат на училиштето и ползи далеку, но без успех.

Властите соопштија дека се воведени дополнителни безбедносни мерки во сите училишта во Казан, главниот град на рускиот регион Татарстан, околу 700 километри источно од Москва.

Полицијата отвори кривична истрага за инцидентот.

Според извор, сигнал од копчето за паника во училиштето во Казан пристигнал во 09:25 часот, а пукањето започнало во 09:20 часот. Во тоа време, во училиштето имало 714 деца и околу 70 вработени, од кои 52 наставници.

Пукањата во училишта се релативно ретки во Русија, но во последните години имаше неколку насилни напади во образовни институции, главно извршени од ученици.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот