„Вози-рога“, српската кошаркарска легенда со своето Масерати возел двојно побрзо од дозволеното

Дејан Бодирога, прв човек на Евролигата/фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Еден од најдобрите српски кошаркари во последните 30-тина години, Дејан Бодирога е фатен како со своето Масерати возел со брзина од 174 километри на час на место каде што е дозволено 80 километри на час.

Полицијата го запрела Бодирога неколку минути по полноќ на автопатот кој Белград на подрачјето на Нов Белград. Бодирога се соочува со 15-дневна затворска казна, 15 казнени бодови и одземање на возачката дозвола на осум месеци.

Дејан Бодирога се смета за еден од најдобрите кошаркари кои никогаш не заиграле во НБА лигата, иако тој во 1991 година беше избран на драфтот од Сакраменто Кингс.
Кошаркарската кариера ја заочна во Задар, по што играше и во Трст, Милано, Реал Мадрид, Барселона и Виртус Рома. Со репрезнетацијата на СР Југославија освои златен медал на Светските првенства 1998 и 2002 година, додека три пати беше и Европски шампион (1995,1997,2001).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот