Возачите на автобусот не биле вработени, едниот немал ни сертификат за професинална компетентност

Запалениот македонски автобус во Бугарија
Запалениот македонски автобус во Бугарија/ Фото EPA-EFE/VASSIL DONEV

Возачите на изгорениот автобус не биле вработени, едниот немал ни сертификат за професинална компетентност, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

„Едниот од возачите е невработен во компанијата, имал сертификат со важност до 11 месец 2023 година. Другиот возач не бил пријавен дека работи во ниту една фирма за да ја врши таа дејност. На вториот возач му бил истечен сертификатот 9 месец 2020 година“, кажа Бочварски.

Министерот за транспорт и врски отфрла и секаква одговорност на неговата институција во врска со случајот „Беса транс”.

– Од она што досега го истраживме внатре, нема ниту едно прекршување во Министерството за транспорт и врски, рече денеска Бочварски, одговорајќи на новинарски прашања во Владата.

Бочварски тврди дека за случајот „Беса турс” нема пропусти во Министерството за транспорт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот